Наполи минува низ најголемата криза во последните неколку години, проблемите на релација играчи-раководство се уште не се завршени.
Медиумите пишуваат дека Аурелио Де Лаурентис се уште не се смирил од одлуката на играчите да го напуштат карантинот. Контроверзниот претседател се наоѓа во Лос Анџелес и наводно веќе има планови за иднината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на Италијанците, Де Лаурентис на играчите им се обратил со зборовите: Сите ќе ве отпуштам! Се потенцира дека тој отпишал дури седум фудбалери. Дрис Мертенс, Хозе Каљехон, Алан, Калид Кулибали, Фаузи Гулам и Есеид Хисај се нашле на мета на првиот човек на клубот.
Договорите на Мертенс и Каљехон истекуваат на крајот од сезоната и ќе бидат продадени веќе во јануари бидејќи претходно одбија продолжување на соработката.
Алан исто така сака да замине, но тешко дека некој ќе понуди 90 милиони евра колку што нудеше ПСЖ во текот на летото, сега неговата вредност е преполовена.
Де Лаурентис поради хаосот ќе мора да ги продаде по пониска цена од реалната и сигурно дека се очекува големите клубови да реагираат посебно кога во прашање е Кулибали.