Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е познат во светот на фудбалот како човек кој нема „влакна на јазикот“, така овој пат зборуваше за Хари Мегваер кој Јунајтед го направи најскап дефанзивец во историјата.
Де Лаурентис освен што зборуваше за Мегваер за лудите цени на фудбалерите на трансфер пазарот ја обвини Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Порблем на зголемите цени е во Англија, таму има многу пари, многу повеќе од Шпанија, Германија, Италија и Франција. Ако клуб во Англија има 800 милиони на располагање сигурно не му е проблем да плати 100 за еден играч. Не постои веќе конкуретност помеѓу Англичаните и други земји“, изјави Де Лаурентис, а потоа Мегваер го спореди со Кулибали:
„Кулибали има клазула од 150 милиони евра. Знаете, во Англија можат да потрошат 93 милиони евра за играч кој вреди најмногу 35 милиони евра. Ако Мегваер вреди 93 милиони евра тогаш Кулибали вреди 250 милиони евра“, заврши првиот човек на Наполи.