Како што стојат работите екипата на Барселона се повеќе е за опцијата во своите редови да го доведе екс-голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа.
Де Геа е без клуб откако изминатото лето му заврши договорот со Манчестер Јунајтед, се шпекулираше и дека може да ја заврши кариерата меѓутоа тоа нема да се случи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доби неколку понуди Де Геа да продолжи да брани, но засега 33-годишниот чувар на мрежата истите ги одбиваше. Очигледно на Шпанецот не му се брза и продолжи да престојува со семејството во близина на Манчестер.
Од друга страна Барселона во него гледа идеална опција за втор голман и замена за првиот чувар на мрежата, Марк-Андре Тер Штеген.