Како што стојат работит договор помеѓу Манчестер Јунајтед и Де Геа за нова соработка нема да има.
Денес истекува и последниот ден од договорот на шпанскиот голман, а според „Би-Би-Си“ нема да има изненадување до крајот на денот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот голман помина 12 години во Јунајтед и одигра 545 натпревари. Тој е единствениот преостанат член на шампионскиот тим на Јунајтед од сезоната 2012/2013.
Минатата сезона четирикратниот играч на годината на голот на Јунајтед ја освои „Златната ракавица“ која беше втора за него. Пред крајот Тен Хаг најавуваше дека ќе остане, меѓтоа засега тоа не се реализира.
Де Геа од утре ќе биде слободен да потпише без оштета за било кој клуб.