Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа не отстапува од своите финансиските побарувања за да го продолжи договорот договорот со „црвените ѓаволи“, пренесуваат англиските медиуми.
Де Геа е спремен да стави потпис на долгорочен договор со Манчестер Јунајтед, но бара 400.000 фунти неделно, што значи 21 милион евра годишно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата сума ќе го направи Шпанецот втор најдобро платен играч на Јунајтед, по Алексис Санчез, кој заработува 23 милиони евра годишно.
Клубот од „Олд Трафорд“ не е спремен да му понуди толку висока плата, па преговорите продолжуваат со цел двете страни да најдат заеднички јазик.
Де Геа има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2020 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ брзаат што е можно побрзо да го затворат ова прашање.