Дома Трансфер зона Де Геа за иднината: Се чувствувам сакан во Манчестер!

Де Геа за иднината: Се чувствувам сакан во Манчестер!

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа изјави дека се чувствува одлично на „Олд Трафорд“ и не планира да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Де Геа истекува следното лето, но англиските медиуми тврдат дека наскоро двата клуба ќе потпишат нов договор за долгорочна соработка.

„Се чувствувам навистина сакан во овој клуб од фабовите и сите кои се дел од клубот. Многу сум среќен што играм за Манчестер Јунајтед, кој е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Де Геа.

Двете страни веќе започнаа преговори за продолжување на соработката, но Де Геа бара сериозно зголемување на платата која во моментов изнесува 180.000 фунти неделно.

„Никогаш не ги слушам глупостите кои се пишуваат во медиумите. Во принцип не го слушам тоа што се зборува за мене. Сконцетриран сум само на мојата работа и се обидувам да му помогнам на тимот“, коментираше Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…