Дома Трансфер зона Де Бур има големи амбиции, се засилува од Барселона?

Де Бур има големи амбиции, се засилува од Барселона?

Англиските медиуми пишуваат дека конечно Франк Де Бур тргнал во акција за доведување на својот сонародник во Кристал Палас.

Засилување за клубот од јужен Лондон во тековниот преоден рок би можел да биде Јаспер Силенсен.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Холандскиот голман минатото лето пристигна во Барселона од Ајакс, но остана во сенка на Тер Штеген и запиша само 10 настапи во сите натпревари во текот на целата сезона.

Откако Стив Манданда се врати во Марсеј, Франк Де Бур сака на голманската позиција да има човек во кој ќе има целосна доверба.

Да се потсетиме, Силенсен беше прв голман на Ајакс додека на кормилото на холандскиот клуб беше токму Франк Де Бур.

Освен 28 годишниот голман, Де Бур сака да доведе уште еден фудбалер со кого соработуваше во Ајакс. Станува збор за талентираниот дефанзивец, Жаир Ридевалдо, а управата на Палас му обезбеди осум милиони евра за реализација на овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Елмас желба на Мурињо: Португалецот ќе го враќа „дијамантот“ во Фенербахче?

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас би можел да биде еден фудбалерите кои ќе привлекуваат вни…