Дома Фудбал Англија Де Брујне: Заминувам далеку, веќе не е ни важно каде

Де Брујне: Заминувам далеку, веќе не е ни важно каде

Фудбалерите на Манчестер Сити во сабота ремизираа на гостувањето кај Барнли (1:1) во натпревар од 26. коло во Премиер лигата, но и натаму тимот на Пеп Гвардиола убедливо е прв на табелата.

Во последните два месеци клубовите во Англија одиграа голем број на натпревари поради згуснатиот распоред и се чини дека играчите веќе чуствуваат замор. Иако најважните натпревари се пред нив јасно е дека фудбалерите не се роботи и дека им е потребен одмор за да бидат спремни за следните натпревари.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


После натпреварот против Барнли, Гвардиола сфати дека неговите најдобри играчи се исцрпени поради жестокото темпо на игра во Англија и одлучи да им даде шест дена одмор. Тоа едвај го дочека Де Брујне кој порача дека се чуствува исцрпено и дека му е потребен одмор како никогаш.

„Заминувам далеку, веќе не е важно каде, но сакам да се одморам. Против Барнли уште во првата минута почуствував дека сум исцрпен.“ – изјави Де Брујне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед со нова официјална понуда за Мбемо

Од Манчестер Јунајтед испратија нова официјална понуда до колегите од Бренфорд за крилото …