Дома Фудбал Останато „Дејли Мејл“: Каков Лука? Роберт Просинечки е најдобар хрватски фудбалер на сите времиња!

„Дејли Мејл“: Каков Лука? Роберт Просинечки е најдобар хрватски фудбалер на сите времиња!

prosinecki

Англија и Хрватска на „Вембли“ ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Нации, а победникот во овој натпревар ќе го освои првото место во групата.

Еден ден пред натпреварот „Дејли Мејл“ објави интересна приказна во која најголемо внимание е посветено на селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ објави текст под наслов: Каков Лука? Роберт Просинечки се уште е крал на хрватскиот фудбал.

Тие потсетуваат дека Просинечки кариерата ја изградил играјќи за европските гиганти и за нив тој е најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња.

„Беше играч за врска од типот на Зинедин Зидан. Неговата игра беше исполнета со кројфтски движења и ароганција. Имаше огромна желба да биде подобар од противникот. Слободните удари ги изведуваше како Дејвид Бекам, имаше силен удар и знаеше да постигне гол од огромна далечина. Поранешниот селектор на Хрватска Мирослав Блажевиќ се уште се кае што го остави на клупата во полуфиналето на СП 1998 година против Франција. Фудбалската историјата би можела да биде поинаква доколку тој беше на теренот“, стои помеѓу другото во текстот на „Дејли Мејл“.

Исто така овој англиски таблоид потсетува на интересната изјава на Просинечки.

„Да не пиев, ќе бев најдобар фудбалер во светот“…

https://youtu.be/3D0MfKj7YVQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…