Дома Фудбал Англија Дејвид Мојс сигурен во себе: Можам да го водам било кој тим во светот

Дејвид Мојс сигурен во себе: Можам да го водам било кој тим во светот

Дејвид Мојс кој неодамна беше именуван за менаџер на Вест Хем е прилично сигурен во себе.

Англискиот стручњак истакна дека е спремен да го води било кој клуб на светот и дека тоа сака да го докаже на клупата на „чеканите“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Откако Мојс пристигна во Вест Хем овој клуб започна да игра многу подобро, повеќе не се во опасната зона и се наоѓаат во одлична серија на резултати. На последните три натпревари ги совладаа Челзи и Стоук и одиграа реми против Арсенал.

„Мислам дека сум способен да работам во било кој клуб на светот, па така сум сигурен дека можам успешно да работам и тука во Вест Хем. Морав да дојдам тука и да го покажам тоа. Морате да покажете дека сте во состојба успешно да го водите тимот, бидејќи вашата репутација не значи ништо“, изјави Мојс.

Вест Хем вечерва во четвртфиналето од Лига купот повторно ќе се сретне со градскиот ривал Арсенал. Натпреварот на „Емирати“ се игра почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Верaти има нов клуб, но не ја смени земјата

Марко Верaти е нов фудбалер на Ал Духаил. Италијанецот на овој начин ја продолжува кариера…