Дома Фудбал Останато Дејан Станковиќ доби голема улога во тв-серија!

Дејан Станковиќ доби голема улога во тв-серија!

Поранешниот фудбалер на Интер, Дејан Станковиќ доби улога во новата хумористична серија „Дрим-тим“ ,која е во режија на Дејан Зечевиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Снимањето на серијата е планирано на стадионот „Трудбеник“, а Станковиќ пред неколку вечери своите сцени ги снимаше во друштво на пријателите Ненад Милијаш и Лазар Ристовски.

„Првпат сум пред камерите во ваков проект. Кога вас ќе ве повика легенда како што е Лазар Ристовски, не може да го одбиете. Ова за мене е големо задоволство. Знам што треба да играм. Мислам дека е убаво да се раскаже една ваква приказна. Имав можност да запознаам еден од браќата Олавериќ и мислам дека ми судеше кога бев кадет. Само јас можам да го глумам Дејан Станковиќ. Се шегувам, секако дека би дозволил и некој друг да го глуми“, вели Станковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пристигнаа ужасни вести за Новак Ѓоковиќ пред Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го видовме изминатиот викенд на трката од Формула 1 во Барселона за Големата…