Дома Фудбал Италија Дешамп би сакал да се врати на клупата на Јувентус

Дешамп би сакал да се врати на клупата на Јувентус

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп не исклучува враќање на кормилото на Јувентус во блиска иднина.

Францускиот стратег помина пет години во тимот на „старата дама“ како фудбалер, а како тренер го предводеше тимот во Серија Б по скандалот со местење на натпревари.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Јас веќе го водев Јувентус, иако тимот беше во деликатна ситуација во Серија Б“, изјави Дешамп.

„Тоа беше избор што го направив од срце. Му вратив на претседателот Ањели и неговото семејство за се што ми дадоа како фудбалер. Јас сум моментално тренер на репрезентацијата на Франција и сум среќен. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, но секогаш посветувам сериозно внимание на Јувентус“, призна селекторот на „триколорите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…