Дома Трансфер зона Дефанзивецот на Сити пред трансфер во Челзи

Дефанзивецот на Сити пред трансфер во Челзи

Челзи и Манчестер Сити се во напредни преговори за трансфер на дефанзивецот, Најтан Аке, пренесуваат медиумите на Островот.

Челзи покажува сериозен интерес за 27-годишниот дефанзивец, кој не добива голема минутажа на „Етихад“ и сака да ја промени средината.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Челзи во моментов нуди 30 милиони фунти за Холанѓанецот, а Сити за неговата слобода бара 10 милиони повеќе, но разликата може да биде „испеглана“ со бонуси.

Аке има договор со Сити до 2025 година, но не добива голема минутажа и самиот инсистира да се пресели во Челзи.

Тоа за него ќе биде враќање на „Стенфорд Бриџ“, каде не доби голема шанса во минатото и беше продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…