Дефанзивецот на Интер, Стефан де Врај на крајот на сезоната најверојатно ќе се пресели во Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Веќе е јасно дека „нероаѕурите“ ќе останат без Милан Скриниар, кој одби да го продолжи договорот и без обештетување ќе го напушти клубот.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Во иста ситуација е и Стефан де Врај, кој на лето ќе биде слободен агент, а нема најави за продолжување на договорот.
Најсилен интерес за него покажува Атлетико Мадрид, кој веќе започнал преговори со неговиот агент.
Шпанските медиуми пренесуваат дека двете страни се блиску до договор и готово сигурно Холанѓанецот кариерата ќе ја продолжи на „Ванда Метрополитано“.