Дома Фудбал Англија Дерби на денот: „Топџиите“ со тешка артилерија против лидерот

Дерби на денот: „Топџиите“ со тешка артилерија против лидерот

Денес секако во центарот на вниманието ќе биде големото дерби помеѓу Арсенал и Ливерпул кое во голема мера ќе го одлучи понатамошниот тек на сезоната во Премиер лигата.

Арсенал пред императив победа

Арсенал ова лето значително го засили тимот и секако сезоната ја започна со највисоки амбиции. Сон за сите во клубот секако е титулата во Премиер лигата, но и во Лигата на шампиони имаат високи амбиции. Удар за Артета беше повредата на Одегард, но „топџиите“ имаат широк ростер и тоа го покажаа со одличниот старт во лигата. Меѓутоа, минатото коло неочекувано беа поразени од Борнмут и останаа без столбот на одбраната Салиба, кој доби црвен картон. Тоа ќе биде голем хендикеп за Арсенал во овој меч, кој се наоѓа пред императив победа. „Топџиите“ едноставно немаат право на пораз бидејќи веќе заостануваат четири бода од Ливерпул и може да испаднат од трката за титулата.

Ливерпул одличен оваа сезона

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ливерпул на најдобар начин ја започна новата ера без Јирген Клоп на клупата, па Арне Слот почна да руши рекорди уште на стартот и има девет победи на првите десет меча. Новиот тренер го задржа костурот на тимот и донесе само едно засилување, Федерико Киеза и тоа во последниот ден од трансфер пазарот. Меѓутоа, важно за „црвените“ е што добро ја отворија сезоната и после осум кола се лидери на табелата со седум победи и еден пораз. Поразот дојде изненадувачки од Нотингем Форест и тоа на „Енфилд“, па може да се каже дека тоа било само лош ден за „црвените“. Минатото коло го победија Челзи и покажаа дека се одлични во директните дуели. Сигирно ќе одат на победа и на ова гостување, но тоа воопшто нема да биде лесно.

Очекувања

Дуел на два тима кои играат отворен фудбал и кои ќе атакуваат на победа, а тоа е предуслов за возбудлив натпревар и многу голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор …