Дома Фудбал Останато Денот кога е постигнат единствениот гол кој може да се споредува со оној на Роберто Карлос (ВИДЕО)

Денот кога е постигнат единствениот гол кој може да се споредува со оној на Роберто Карлос (ВИДЕО)

Микел Нилсон не е човек кој е претерано познат во историјата на фудбалот и не може да се каже дека оставил некоја трага. Сепак во 1993 година во Лигата на шампионите за ИФК Готебург овој човек постигна гол кој влезе во фудбалските анали.

Купот на европските шампион преименуван е во Лига на шампионите во сезоната 1992/1993, но задржан е форматот од претходната кога за прв пат во ова натпреварување се играше групна фаза. Фроматот беше крајно необичен и брзо беше укинат. Имено, државните шампиони беа поделени во осум групи по четири екипи, а победниците на овие групи формираа две нови „полуфинални“ групи, додека победниците од овие групи играа финале.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот освојувач на Лигата на шампионите стана Олимпик Марсеј кој на Олимпискиот стадион во Минхен со резултат 1:0 го победи Милан кој претходно играше во полуфинална група со шведски Готебург, португалски Порто и холандски ПСВ. Секако дека италијанскиот тим беше убедлив и освои максимални 12 бодови, но втор беше Готебург со шест, додека Порто беше на третото место со пет, а ПСВ последен со еден освоен бод.

Тој еден бод Холанѓаните го освојуваа на гостувањето во Порто (2:2), додека Готебург ги победи во двата натпревари. Прво на гостински терен на 3-ти март кога на „Филипс“ стадионот славеа со 3:1, а пото на 18-ти март беше 3:0.

Токму тој втор натпревар е важен за оваа приказна затоа што уште во втората минута тогаш 24 годишниот Микел Нилсон шутираше од околу 35 метри и го постигна единствениот гол од слободен удар кој може да се споредува со оној на Роберто Карлос во 1997 година.

https://youtu.be/3ECoR__tJNQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…