Дома Македонски спорт Мак ракомет Денес критики нека нема, а херој нека биде било кој само – Австрија да падне!

Денес критики нека нема, а херој нека биде било кој само – Австрија да падне!

Денес од 18:15 часот Македонија игра клучен натпревар за пласман во следната фаза на Европското првенство.

Сите посакуваме победа и пласман во наредната фаза. За да се пласираме понатаму потребно е да ја победиме Австрија со два или повеќе голови разлика, ова е најреалното сценарио. Постојат и уште неколку сценарија, за тоа повеќе – тука.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После првите два натпревари се добива впечаток дека играме променливо, не сме на некое врвно ниво, но и не сме лоши. Во поразот од Чешка одигравме феноменално прво полувреме во кое примивме само девет гола, но потоа следуваше еден пад во нашата игра.

По овој натпревар големи критики доби Борко Ристовски кој реално и не беше на нивото, критикуван беше и селекторот Брестовац затоа што го стави Борко на голот иако Никола Митревски блескаше против Украина во првиот натпревар.

И против Украина имавме еден лош период па испуштивме пет гола предност, за среќа го имаме Кире Лазаров кој со гол во последната секунда ни донесе победа.

Лазаров одигра маестрално и против Чешка постигнувајќи 11 гола, покрај головите забележа и повеќе асистенции, противниците немаат решение за него.

Австрија по квалитет не е подобар противник и реално можеме да ја победиме, како што кажа Стоилов нивна единствена предност можеби е само домашниот терен. Меѓутпа и Македонија има бројни навивачи во Виена.

Денес против Австрија херој нека биде било кој: Ристовски, Митревски, Кире, Столе, Maнасков, Кузмановски, Гоце...Па и селекторот Брестовац – ќе бидете сите ако не израдувате.

Пред шест години против Австрија херој беше критикуваниот Борко. Тогаш тој имаше 18 одбрани, а фати и зицер во последната секунда и со тоа спречи реми.

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Скандал: Ѓоковиќ удрен со шише во глава🎥

Голем скандал се случи на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Корентин Муте на Мастерсот во Рим. Ср…