Дома Фудбал Останато Дембеле откри: Англискиот гигант се обидувал да го донесе играчот пред Барса

Дембеле откри: Англискиот гигант се обидувал да го донесе играчот пред Барса

Осман Дембеле стана вториот најскап играч во историјата на Барселона откако минатото лето го засили овој клуб со доаѓањето од Борусија Дормтунд.

Трансферот на Дембеле на крајот би можел да ја чини Барса околу 140 милиони евра, а поскап од него во историјата на овој клуб е само Филипе Кутињо, бидејќи Каталонците за Бразилецот платија 20 милиони повеќе. Сепак, Дембеле не започна како што се очекуваше, бидејќи во досегашниот дел од сезоната имаше одгормни проблеми со повредата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот на францускиот играч беше вистински хит, бидејќи Дембеле одбиваше да тренира со Дортмунд и не сакаше да се приклучи на подготовките на германскио тим. На сите начини се обидуваше да го оставари трансферот во Барселона, што на крајот му успеа. Сепак, откри дека за него пред речиси две години беше заинтересиран Ливерпул.

„Кога го напуштив Рен разговарав со Дортмунд, Ливерпул и Барселона. Тогаш ја одбив Барса, бидејќи мислев дека е прерано да одам таму. Меѓутоа, кога повторно ме контактираа едноставно не можев да речам не. Им реков на управата на Дортмунд дека сакам да го напуштам клубот, бидејќи неможе два пати да се одибе Барселона. И Ливерпул повторно се јави, но не бев заинтересиран“, изјави Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…