Дома Топ вести Дембеле „го моли“ англискиот клуб да го купи на крајот од сезоната?

Дембеле „го моли“ англискиот клуб да го купи на крајот од сезоната?

Францускиот фудбалер, Осман Дембеле минатото лето потпиша за Барселона во која пристигна од Борусија Дортмунд.

Дембеле стана вториот најскап играч во историјата на каталонскиот клуб, но не може да се пофали дека игра одлично во првата сезона. Францускиот фудбалер имаше големи проблеми со повредите и пред само неколку недели се врати на теренот. Јасно е дека Дембеле ќе мора да се избори за местото во првиот тим, бидејќи конкуренцијата е голема. Но, медиумите во Шпанија пишуваат дека на крајот од оваа сезона Дембеле повторно би можел да ја промени средината, иако тоа е тешко да се очекува.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, Дембеле сега има желба да си оди во англиската Премиер лига и веќе е во контакт со управата на Арсенал. Како што пишува мадридскиот „AS“, тој побарал од лондонскиот клуб да испратат понуда на крајот од оваа сезона. Но, наскоро пристигна и демантот од страна на медиумите кои се поврзани со Барселона и рекоа дека од Дембепе допрва се очекува да го покаже својот квалитет во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…