Дома Фудбал Англија Демантирано: Фејсбукот на Ријад Марез бил хакиран

Демантирано: Фејсбукот на Ријад Марез бил хакиран

Како гром од ведро небо утрово одекна веста дека Ријад Марез се простува од фудбалот.

На официјалната страна на алжирскиот фудбалер се појави порака преку тој најави крај на кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа подоцна се покажа дека тоа не се негови зборови и дека неговиот профил е хакиран, тоа го порачаа и од неговиот клуб Лестер.

Ријад Марез има само 27 години и веројатно не ни помислува на крај на кариерата, посебно не поради повреди со кои никогаш премногу не се мачеше, па ова ќе остане само уште една во низата измами во кој е вмешан Алжирецот, „ни крив, ни должен“.

Да потсетиме, Марез неодамна имаше проблем со личност кој се претставуваше како тој и на новинарите им давал „ексклузивни“ информации за неговиот трансфер во Барселона, а потоа во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…