Тотенхем неодамна ги израдува навивачите со доведувањето на Герет Бејл и Серхио Регулион, но сега би можеле да останат без Деле Али кој „падна“ во немилост кај Жозе Мурињо.
Англискиот репрезентативец се наоѓа на излезни врати од „Вајт Харт Лејн“ и медиумите на Островот се убедени дека прашање на време е кога ќе замине, веројатно негова следна дестинација ќе биде ПСЖ. Според информациите ПСЖ влегол во завршни преговори со Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од поодамна Деле Али не го потврдува квалитетот, Мурињо чекаше да биде „стариот Деле Али“, меѓутоа Жозе изгледа го изгуби трпението. Дека повеќе не му верува може да се види со тоа што Деле Али беше заменет на полувремето против Евертон, а воопшто не играше против Локомотив Пловдив и Саутемптон, против Шкендија одигра 60 минути, додека за мечот против Њукасл го немаше ниту на списокот повикани, го нема и за вечерашниот натпревар со Челзи во Лига Купот.
Леонардо сака да го доведе во ПСЖ и инсистира на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп. Претседателот на Тотенхем Даниел Леви е заинтересиран за сорабтока, меѓутоа не и за продажба на Деле Али, тој верува дека фудбалерот може да ја врати формата. И зошто да не кога Деле Али има само 24 години.
Се уште нема информација колку би чинела позајмицата, како и да е Мурињо веќе го „отпиша“ сега се чека клубовите да се договорат за начинот на кој Деле Али би заиграл во Париз.