Ѕведата на Реал Мадрид, Герет Бејл доби две понуди и тоа од клубови од МЛС лигата, Интер Мајами и ЛА Галакси.
Овие два тима од МЛС лигата бараат ѕвезда која ќе биде заштитно лице и сериозно се заинтересирани за Герет Бејл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал Мадрид веќе подолго време сака да го продаде Велшанецот и да се ослободи од неговата висока плата. Весникот „АС“ тврди дека „кралевите“ се спремни да ги слушнат понудите и да го продадат Бејл уште во зимскиот преоден рок.
Клубовите од МЛС наводно доставиле понуди кои Бејл нема да може да ги одбие, а според последните информации Велшанецот е поблиску до Интер Мајами.
Бејл пристигна во Реал Мадрид во 2013 година и до сега има 245 настапи за „кралевите“ на кои постигна 104 гола.