Дома Трансфер зона Два клуба во игра за Нестор – го напушта Удине, но останува во Италија

Два клуба во игра за Нестор – го напушта Удине, но останува во Италија

Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски како што стојат работите ќе си замине од Удинзе по четири години поминати во овој калчолигаш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Нестор иако заминува од Удине и понатаму ќе остане на Апенините. Според информациите засега најсериозни во намерата да го доведат се два клуба.

Поранешниот клуб на Несторовски каде што го играше веројатно најдобриот фудбал во кариерата, Палермо сака да го врати. Покрај Палермо во игра била и Парма која сака да го засили својот напад.

Палермо и Парма се дел од Серија Б и во наредната сезона ќе имаат амбиции да се вратат во Серија А.

Преодниот рок е блиску, па наскоро ќе дознаеме каде Нестор ќе одлучи да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…