Дома Топ вести Два гола на Роналдо, еден на Меси – ПСЖ славеше победа во спектаклот во Ријад!

Два гола на Роналдо, еден на Меси – ПСЖ славеше победа во спектаклот во Ријад!

Во спектакл со девет гола ПСЖ славеше против комбинираниот тим на Ал Наср и Ал Хилал (4:5).

По само три минути игра Меси на асистенција на Нејмар го изедначи резултат. Саудијците до изедначување дојдоа во 34. минута со голот на Роналдо од пенал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Само пет минути подоцна ПСЖ остана со играч помалку бидејќи беше исклучен Бернат. Сепак и со играч помалку „светците“ во 43. минута преку Маркињос стигнаа до 1:2. ПСЖ можеше и до трет гол, но Нејмар промаши пенал.

Во самата завршница од првото полувреме Роналдо го постигна својот втор гол за 2:2 на паузата. На стартот од вториот дел во 53. минута видовме гол и на Серхио Рамос. Не се предаваа Саудијците па веќе во 56-тата Јанг Хјун-Со погоди за 3:3.

По еден час игра во големиот број замени, играта ја напуштија Роналдо и Меси, а до крајот ПСЖ постигна два гола преку Мбапе и Екитики, додека за Саудијците стрелаше Талиска.

НАЈАВАТА ЗА БИТКАТА НА МЕСИ И РОНАЛДО

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Хендерсон скршен од болка: Се појави пред „Енфилд“ да оддаде почит на Жота (Фото)

Џордан Хендерсон беше преплавен со емоции како му оддаде почест со цвеќиња на својот прија…