Манчестер Сити и Арсенал кои се единствените кандидати за титулатата во Премиер лигата вечерва ќе се сретнат во веројатно натпреварот на сезоната на Островот.
Арсенал има пет бодови предност, но Сити е на втората позиција со два натпревари помалку и ако победи во нив тие ќе избијат на лидерската позиција. Токму поради тоа Арсенал не смее да си дозволи да изгуби, со победа „граѓаните“ би имале одлична позиција до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гледајќи ја актуелнатаформа фаворит е Манчестер Сити. Арсенал има проблеми и со неиграњето на Салиба, без него „топџиите“ примија седум голови на последните три натпревари.
Од друга страна кај Сити е повреден само Аке и за него имаат адекватна замена.
Терминот занатпреварот е 21:00 часот, а покрај оваа средба играат: Нотингем форест – Брајтон, Челси – Брентфорд и Вест Хем – Ливерпул.