Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, го собори македонскиот рекорд во маратон и тоа за речиси седум минути.
Ивановски маратонската трка во Валенсија ја истрача во време од 2 часа 11 минути и 53 секунди, и освен што е нов македонски рекорд, претствавува и одличен резултат во светски рамки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со ова време Ивановски го подобри и својот рекорд кој претходно изнесуваше два часа 18 минути и 12 секунди. Тој рекорд македонскиот атлетичар го постави на 15. мај 2022 година во Копенхаген.