Германскиот атлетичар Ричард Рингер стана новиот европски шампион во маратон на шампионатот што денеска започна во Минхен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На трката од 42 километри учествуваше и македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, но тој не успеа да ја заврши трката и остана без пласман.




За 33-годишниот маратонец ова е најголемиот успех во кариерата откако претходно неколку пати завршуваше како трет на различни натпреварување. Делницата од 42 километри ја истрча за време од 2:10:21 што за него е личен рекорд.




Три секунди зад него остана Мару Тафери од Израел, а бронзата ја освои неговиот сонародник Гашау Ајале. Покрај Ивановски уште 16 други маратонци не успеаа да ја завршат трката.




Помеѓу дамите европска шампионка стана Александра Лисовска од Полска.