Иднината на Кристиан Ериксен е главна тема од отворањето во зимскиот преоден рок, а данските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека позната е следната дестинација на плејмејкерот.
Имено, ако им се верува на медиумуте од Данска, само прашање на време е кога Ериксен и официјално ќе стане нов играч на Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нероаѕурите“ пред неколку дена доставија понуда од 10 милиони евра по сезона, која Ериксен ја прифатил, па сега започнале преговори со Тотенхем.
Со оглед на фактот дека договорот на Ериксен завршува на крајот на сезоната, „спарси“ за неговата слобода бараат само 20 милиони евра, сума која Интер е спремен да ја плати.
Доколку се реализира овој трансфер, Конте ќе добие големо засилување во битката за Скудетото.