Репрезентацијата на Данска многу полесно од очекувањето оствари висока победа над Норвашка (31:22) во финалето на Светското првенство.
Данците во четвртиот обид дојдоа светското злато, единственото кое им недостасуваше во нивната историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште од самиот почеток стана јасно дека Данците ќе го диктираат темпото. На полувремето водеше со 18-11, а во вториот дел стигна до двоцифрена предност која ја одржуваше до самиот крај.
Најефикасен кај Данска беше Хансен со седум гола, а го следеа Сван и Лауге дадоа по четири гола. Фантастичен беше и голманот Ландин, со 15 одбрани. Кај Норвежаните, Јондал запиша девет погодока.
Норвешка губи второ финале по ред на Светските првенства и мораше да се задоволи со сребро.