Дани Алвес е играчот кој не е пријавен за натпреварите на Барселона во Лигата на Европа.
Каталонците играа лошо во групната фаза од Лигата на шампионите, па така европскиот пат го продолжуваат во Лигата на Европа. Во нокаут фазата првата пречка ќе им биде Наполи на нашиот Елиф Елмас.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според правилата на УЕФА еден клуб има право да пријави тројца нови фудбалери за вториот дел од натпреварувањето. Барселона во претходниот период ги доведе Дани Алвес, Обамејанг, Адама Траоре и Феран Торес. За сите четворица немаше место во ЛЕ.
На крајот Чави се реши во Европа да не смета на искусниот Дани Алвес.