Дома Фудбал Англија Дали Чилеанецот претера: Санчез веднаш по потписот ги разочара навивачите на Арсенал

Дали Чилеанецот претера: Санчез веднаш по потписот ги разочара навивачите на Арсенал

Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез вчера изјави дека е воодушевен, бидејќи се приклучи во „најголемиот клуб во светот“.

„Воодушевен сум што се приклучив на најголемиот клуб во светот. Шансата да играм на овој историски стадион и да се соработувам со Жозе Мурињо е нешто што не можев да го одибјам“, клупскиот сајт ги пренесе првите зборови на Санчез по доаѓањето во Јунајтед.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Санчез потпиша договор на четири и пол години со „Црвените ѓаволи“.

„Многу сум среќен што ќе бидам првиот фудбалер од Чиле кој ќе игра за првиот тим на Јунајтед и се надевам дека ќе им покажам на нашите навивачи ширум светот зошто клубот сакаше да ме доведе“, изјави Санчез.

Алексис Санчез му се заблагодари на досегашниот клуб Арсенал за тие три и пол „прекрасни години“ и на тоа што има добри спомени. Инаку, Арсен Венгер вчера изјави дека „Топчиите“ се направиле за да го задржат, но одлучна била неговата жед за парите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…