Дома Фудбал Англија Дали Челзи го има најлошиот спортски директор – Ќе реагира ли Амбрамович?

Дали Челзи го има најлошиот спортски директор – Ќе реагира ли Амбрамович?

Кога се ќе се собере, екипата на Челзи можеби е најголемиот губитник во овој преоден рок, а после овој текст ќе ви стане јасно зошто навивачите на клубот се разочарани.

Имено, од сите желби на Антонио Конте пристигна само Бакајоко, но тој беше планиран како алтернатива за „топ“ играч од средината кој требаше да биде замена за Немања Матиќ.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Но, навивачите на Челзи само се надеваа, не се израдуваа на ниту еден поголем трансфер, освен Алваро Мората. Сега се поставува прашањето дали спортските директори на Челзи, конкретно, Мајкл Еменало е неспособен да доведе играчи од светска класа или пак Антонио Конте имал нереални мети.

Го посакуваше Лукаку, на крајот Белгиецот премина во Манчестер Јунајтед, иако и самиот фудбалер сакаше трансфер во Челзи. Пристигна Мората, но после сите неуспеси тоа беше веројатно само утешна награда.

Одиме понатаму, Алекс Сандро, тука веќе ништо не можеа, нудеа 70 милиони евра, но Јувентус не сакаше ниту да слушне, а ниту пак играчот немаше преголема желба за заминување.

Се споменуваше Бонучи, ништо и од него, пристигна Рудигер. Но, Еменало не успеа да ги доведе ниту Рос Баркли, ниту Чемберлејн, ниту Ван Дајк.

Капката која веројатно и ќе ја прелие чашата е Фернандо Љоренте кој денес пристигна во Лондон, но не за да потпише со Челзи кој го следеше уште од јануари, туку да стави потпис на договор со Тотенхем.

Значи, кога ќе ги споредите желбите на Конте и она што Еменало го доведе, јасно е поради што Конте е лут, а навивачите разочарани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…