Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ не отпатува со Интер на пријателскиот натпревар кој вечерва ќе го играат овие два клуба на „Местаља“. Италијанците тоа веднаш го поврзаа со потенцијалниот трансфер во Баерн.
Ќе потсетиме Баерн неочекувано се најдоа во незгодна позиција поради повредата на Лерој Сане пред кого можеби претстои и седум месеци пауза. Германците имаа договор со Сане и се чекаше само конечното „да“ од Манчестер Сити. Дури и неговиот лет за Минхен беше закажан, а потоа Гвардиола го стави во стартните 11 против Ливерпул во Комјунити Шилд и Сане после десетина минути игра заработи повреда на лигаментите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од истиот момент беше јасно дека Баерн ќе бара алтернатива и тогаш во прв план се истакна Перишиќ.
Според информациите кои се појавија вчера Баерн ќе го доведе Перишиќ на позајмица со право на откуп за 30 милиони евра.