Дома Фудбал Останато Дали Меси го извади Роналдињо од затвор?

Дали Меси го извади Роналдињо од затвор?

Парагвајските медиуми вчера потврдија дека Роналдињо после еден месец го напуштил затворот и сега судењето ќе го чека во домашен притвор.

Роналдињо беше уапсен пред нешто повеќе од еден месец откако со лажни документи со својот брат влезе во Парагвај. Но, легендарниот бразилски фудбалер конечно е пуштен од затвор, сепак нема да биде целосно на слобода.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од затворот Роналдињо е пуштен со кауција од 1.6 милиони евра. Тука можете да го видите луксузот каде што Рони ќе го минува времето.

Сега во медиумите се постави прашањето – кој ја платил кауцијата за Роналдињо?

Денес е објавено дека парите биле уплатени од Барселона, а многумина веруваат дека тоа го направил Лионел Меси.

Ќе потсетиме, претходно Меси најави дека ќе направи се за да му помогне на својот поранешен соиграч и пријател, па затоа и преовладува ваквото мислење. Сепак, официјални информации за ова се уште нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…