Паоло Дибала не е на нивото на кое навивачите на Јувентус очеуваат да биде, па затоа е тема на бројни шпекулации.
Агентот на Дибала пред еден месец допатува од Аргентина за да преговара со директорот на Јувентус, но се вратил во татковината без одржан состанок!?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изгледа дека ова е јасна порака дека Дибала нема да добие договор каков што посакува, но пандемијата си го направи своето, можеби и падот на формата, можеби и се по малку, едно е јасно – Јувентус нема намера двојно да му ја зголеми платата на Дибала.
Неговиот агент Хорхе Антун пред еден месец дојде во Торино за да се сретне со Фабио Партичи. Сепак бордот на директори на Јувентус мораше во тој период да оди во изолација. Иако изолацијата на сите во клубот помина, состанокот не се одржа. Антун се врати во Аргентина без состанок со Партичи.
Дибала има договор со Јувентус до 2022 година и тоа значи дека на лето некој би можел да го добие на „попуст“. Ако Партичи одбил да се сретне, пораката до Дибала и неговиот агент веројатно е јасна.