Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт во наредните денови би требало да соопшти каде ќе ја продолжи својата кариера.
Де Лихт го привлече интересот на бројни европски клубови со настапите во дресот на Ајакс. Пред некое време изгледаше сигурно дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Но до договор со Каталонците не дојде и таа ситуација изгледа ја искористи Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми веќе неколку дена пишуваат дека Де Лихт сигурно ќе потпише за „старата дама’ и дека тој договор ќе биде официјализиран во наредните неколку дена.
Последната изјава на Де Лихт за холандските медиуми многумина ја сфатија и како потврда дека тој се сели во Торино. Де Лихт откри дека негов идол од најрана возраст е Кристиано Роналдо и дека секогаш сакал да биде како него.
„Се се одвива некако пребрзо. Во текот на сезоната со клубот игравме во неколку натпреварувања и немав време да размислам за се. Сега кога бев со пријателите од детството на вечера зборувавме за многу работи. На крајот донесовме заклучок дека секогаш сум сакал да бидам како Кристиано Роналдо кога како деца игравме фудбал. Го обожавав додека беше уште во Манчестер. Мојот прв дрес беше од Роналдо“, изјави Де Лихт.
Дали Де Лихт со оваа изјава индиректно го потврди трансферот во Јувентус? Треба да се знае дека неодамна младиот стопер откри дека за време на натпреварот од Лигата на Нации помеѓу Португалија и Холандија Роналдо лично го повикал Де Лихт во Јувентус.