Aнтоан Гризман неодамна соопшти дека го напушта Атлетико Мадрид.
Скоро целиот фудбалски свет во моментот кога Гризман ја соопшти одлуката дека заминува од Атлетико беше убеден дека тој оди во Барселона, но сега тој трансфер е под знак прашалник и прашање е дали воопшто ќе се случи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека соблекувалната на Барселона се побунила поради доаѓањето на Гризман, а поради тоа изгледа претседателот Бартомеу нема намера да ризикува и да го доведе Гризман.
Барса силно сакаше да го доведе минатото лето. Сепак, Гризман тогаш ја одби понуда и одлучи да остане во Атлетико, сега една година подоцна се премисли.
Гризман за Каталонците според медиумите во Шпанија не е повеќе приоритет. Барса не сака да плати 120 милиони евра Атлетико и на Гризман да му даде плата од 17 милиони евра по сезона, тие имаат други планови.
Во Барселона сега сакаат клубот да доведе „класична деветка“. Шпанскиот шампион пред се сака да обезбеди замена за Луис Суарез, а за Барселона Гризман е поинаков фудбалер и не може да го замени Суарез.
Како што стојат работите Гризман воопшто не е блиску до Барселона и лесно може да се случи да заврши на друго место.
Французинот во сезоната која заврши во дресот на Атлетико одигра 48 натпревари, постигна 21 гол и запиша 10 асистенции. Вкупно во Атлетико за пет години настапи на 257 натпревари и 133 пати се запиша во листата на стрелци.