Дали цената од 20 милиони евра е „случајна“?
Баерн Минхен се одлучи да го продаде Артуро Видал, Нико Ковач не сакаше да смета на него за новата сезона и во договор со управата одлучија да биде продаден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона на крајот го купи за 20 милиони евра и според многумина тоа премалку за играч од негов калибар иако има 31 година.
Во што е проблемот?
Пред само еден месец, Артуро Видал бил нуден на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а двата клуба ја добија можноста да го доведат овој фудбалер во своите редови поради неговите години и фактот што имаше направено две операции на коленото.
Не сакаа да го доведат ниту и по поволна цена од оваа 20 милиони евра, сметаа дека повеќе не може да прикажува квалитетни настапи како до сега токму поради споменатите повреди кои ги имаше.
Според нив (Сити и Јунајтед) коленото на Видал ќе биде се послабо, а дали тие или Барселона погрешија останува времето да покаже.