Барселона синоќа потешко од чекуваното го победи Алавес со 2:1 на „Камп Ноу“, откако гостите неочекувано имаа предност на полувремето.
Натпреварот изоболуваше со спортни момемти кои на крајот сите беа во корист на Каталонците. Имено, во второто полувреме Суарез го израмни резултатот со со волеј удар, но спорно е тоа што топката додека одеше кон голот, го закачи Жерар Пике во раката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И вториот гол на Барселона, кој беше ремек-дело на Лео Меси беше спорен бидејќи му претходеше офсајд ситуација. Судијата не досуди офсајд, играта продолжи, па потоа беше досуден слободен удар за домаќините кој Аргентинецот го претвори во гол.
Третата спорна ситуација се случи при самиот крај, во 89-та минута кога Самуел Умтити играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Гостите бараа да биде досуден пенал, но судијата иако беше во близина не покажа на белата точка.