Дома Фудбал Останато Далиќ најави заминување од Хрватска

Далиќ најави заминување од Хрватска

Селекторот Златко Далиќ ги постигна историски најдобрите резултати со репрезентацијата на Хрватска.

Хрватска со победата над Ерменија, потешко од очекуваното избори пласман на ЕП 2024, а Далиќ најави заминување од селекторското место.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Не очекував толку тешки квалификации, останавме без многу играчи, што се одрази на резултатот. Ќе мора да бидеме многу подобри ако сакаме да направиме нешто на ЕП. Не се обвинувам себеси, ниту обвинуван некој друг, ние целта ја постигнавме. Играчите не се откажаа по октомврискиот циклус, продолжија да ме следат како тренер. Никогаш не сум бил посилен или поподготвен“, рече Далиќ.

„Бев под голем притисок. Мојата улога како селектор нема цена. Сигурно ќе ја водам Хрватска во Германија, а што ќе биде потоа ќе видиме. Можеби е време за некои помлади. Издржав многу, а по Германија ќе бидат седум години“, заклучи Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан спрема понуда за Киеза

Минатото лето, Федерико Киеза направи трансфер во Ливерпул, но сега изгледа дека брзо ќе с…