Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Далиќ во еуфорија: Ние не сме нормални!

Далиќ во еуфорија: Ние не сме нормални!

Хрватскиот селектор Златко Далиќ разбирливо беше презадоволен од пласманот на Хрватска во полуфиналето со победата на пенали против Бразил.

За Хрватска ова е трето полуфинале на едно Светско првенство, но второ во низа откако во Русија пред четири години играа финале против Франција. Хрватите изгледаат како непобедливи во пенал серијата, така падна и Бразил денес пред нив.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Оваа победа е за целиот хрватски народ. Секоја чест на дечките. Го исфрливме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска, никогаш не не потценувајте – го кажав тоа и претходно!

Ова не е наш крај, продолжуваме понатаму. Сите го дадоа својот максимум. Уживајте хрватски бранители, ова беше и за вас, ние не сме нормални!“, изјави Далиќ по победата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Цел свет на Ливерпул му фаќа сеир поради Вирц, а тие велат: Тој е иден освојувач на „Златната топка“!

Претседателот на Ливерпул, Том Вернер, уверува дека Флоријан Вирц е играч кој ќе придонесе…