Дома Фудбал Гринвуд не сака да се крева прашина, но Ла Лига ангажира експерт за читање од усни

Гринвуд не сака да се крева прашина, но Ла Лига ангажира експерт за читање од усни

Огромно внимание во шпанските и во англиските медиуми предизвика вербалната пресметка меѓу младите англиски ѕвезди на натпреварот Gетафе – Реал Мадрид.

Имено, Џуд Белингам по дуелот со Мејсон Гринвуд му дофрли на противникот дека е „силувач“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од таборот на Гетафе сметаат дека Џуд Белингам го нарекол Мејсон Гринвуд силувач, па бараат од Ла Лига да отвори истрага.

Самиот Гринвуд не сака да се прави „бука“ од нивниот вербален дуел, најверојатно поради фактот што се двајцата Англичани.

Гринвуд долго време беше надвор од терените бидејќи заврши зад решетки, неговата девојка на социјалните мрежи се пожали дека била тепана и принудена на секс.

Последните информации велат дека е ангажиран експерт за читање од уста. Тој сега ќе треба да утврди дали Белингам навистина го навредил Гринвуд и од тоа ќе зависи потенцијалната казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…