Дома Фудбал Гризман: Се уште се прилагодувам на стилот на Барса!

Гризман: Се уште се прилагодувам на стилот на Барса!

Најголемото засилување на Барселона, Антоан Гризман изјави дека се уште се прилагодува на стилот во новиот клуб.

Французинот посебно потенцираше дека нема добра интеракција со Меси и Суарез. Тројцата се уште немаат одиграно ниту еден меч заедно поради повредите на Уругваецот и Аргентинецот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Јас сум во клубот само два месеци. Се уште се навикнувам на играта во Барселона, на улогата и движењата на моите соиграчи. Прилагодување на играта со Суарез, Меси и Дембеле. И тие се привикнуваат да играат со мене. Но, гледам дека заедно се движиме во вистинската насока како тим“, изјави Гризман.

Барселона синоќа со Борусија Дортмунд одигра 0:0, а Гризман го одигра целиот натпревар заедно со Суарез во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…