Дома Фудбал Гризман после еден месец го менува бројот во Барселона

Гризман после еден месец го менува бројот во Барселона

Францускиот напаѓач Антоан Гризман вчера дебитираше во дресот на Барселона во рамките од новата сезона во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гризман ги одигра сите 90 минути на гостувањето против Атлетик, но не се прослави бидејќи каталонскиот клуб доживеа пораз од 1:0. Францускиот напаѓач не успеа да влезе во ниту една посериозна шанса и прилично ги разочара навивачите на Каталонците.

Барселона францускиот напаѓач го доведе од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра и јасно е дека од него многу се очекува. Со доаѓањето во Барса Гризман избра да го носи дресот со број 17 бидејќи неговата седмица не беше слободна.

Меѓутоа утрово „Мундо Депортиво“ објави дека Гризман сепак ќе го добие својот број откако е потврдено дека Кутињо оди во Баерн. Така бројот седум ќе биде слободен и Гризман ќе има право да го замени бројот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…