Барселона сезонава игра променливо и нема старт во Примера онаков каков што очекуваа навивачите. Голем дел од медиумите шпекулираа дека постои криза во редовите на „сините“.
За медиумите сега зборуваше Антоан Гризман кој тврди дека во Барселона не владее лоша атмосфера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас сум човек кој не зборува често надвор од теренот, меѓутоа сега морам. Слушам многу лоши коментари на моја сметка. Тажен сум за приказните кои ги читам за мене и тимот. Минуваме низ тежок период меѓутоа сум сигурен дека имаме тим кој може да направи голем успех“.
Неизбежна тема беше неговиот однос со Меси.
„Со Меси разговарав уште првиот ден, дојде и се пошегува, ми кажа дека сум го „зафркнал“ што не сум дошол година порано. Тој барал од управата да ме доведат порано. Лео за мене ќе направи се на теренот и тоа е најважно. Мојот поранешен агент, Ерик Олхатс зборуваше дека Меси ме уништувал, но тоа не е точно“, изјави Гризман.