Новата ѕвезда на Барселона, Антоан Гризман ги демантираше шпекулациите за наводно негово противење за доаѓање на Нејмар.
Медиумите тврдат дека Гризман е против евентуалното доаѓање на Нејмар на „Камп Ноу“ бидејќи се плаши дека може да го загуби местото во првиот тим, па поради тоа тој бил малку загрижен.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, Гризман преку Твитер со куса порака одговори на оние кои ги шират таквите гласини.
„Ех … Како знаете? – напиша Гризман.
Претходно во медиумите имаше информација дека Каталонците се блиску до договор со ПСЖ за трансфер на бразилскиот
напаѓач.