Антоан Гризман и натаму е изложен на големи критики во Шпанија откако Барселона за него плати 120 милиони евра.
Французинот како големо засилување дојде во Барселона, но никако да се прилагоди на играта на Каталонците и сега имаше само среќа што Суарез беше подолго време надвор од теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во саботата во дуелот против Мајорка беше стартер, но заменет после само 60 минути игра. Беше видно лут, а поранешниот играч на Реал, Хавиер Балбоа остро го критикуваше.
„Тој е еден од најдобрите играчи на светот, игра за Барса, покрај Меси и Суарез, но не се познава на теренот. Изгледа како дете од 14 години, иако е светски првак.“ – изјави Балбоа.
Гризман на 38 натпревари оваа сезона постигна 14 погодоци и четири асистенции. Во Ла Лига има осум погодоци на 27 натпревари.