Одличниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ги демантираше натписите во медиумите кои во последните денови се појавијва во медиумите во Шпанија.
Неодамна во медиумите во Шпанија се појави вест дека Французинот на своите пријатели им соопштил дека ја одбил Барселона и дека останува во Атлетико Мадрид, меѓутоа самиот фудбалер сега сето тоа го демантираше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не, се уште не сум одлучил ништо“, изјави Гризман.
Гризман претходно најави дека неговата судбина ќе биде позната пред почетокот на Светското првенство бидејќи не сака да чуствува притисок во Русија, а во овој момент фаворит за неговиот потпис е Барселона.
Да потсетиме, до Мундијалот остануваат само уште осум дена, па останува да видиме дали судбината на напаѓачот ќе биде решена во следните денови.