Атлетико Мадрид утре ќе игра финале во Лига Европа против Марсеј, а првата ѕвезда Антоан Гризман очекува неговиот тим да излезе како победник.
„Имаме шанса да ја освоиме титулата во Лига Европа. Ќе направам се што е во моја моќ да успееме во тоа“, истакна Гризман.
Во финалето шпанскиот клуб ќе настапи без Симеоне на клупата, бидејќи УЕФА го суспендираше поради исклучувањето на натпреварот против Арсенал.
„Она што Симеоне го прави е од историско значење за Атлетико. Како на пример она што Алекс Фергусон го направи за Манчестер Јунајтед. Се надевам дека ќе имаме таков успех и со трофеите, бидејќи нашиот клуб го заслужува тоа. Сметам дека тој е најдобриот тренер на светот што се однесува до тактиката. Навистина е задоволство да се работи со него“, изјави Французинот.