Дома Фудбал Италија Грешка на векот: Јувентус одбил да го доведе Халанд за „смешна“ сума

Грешка на векот: Јувентус одбил да го доведе Халанд за „смешна“ сума

Ерлинг Халанд во моментов е еден од најдобрите фудбалери во светот, неодамна потпиша за Манчестер Сити и стана најплатен фудбалер во Премиер лигата.

Интересно е тоа што Јувентус можел да го доведе младиот Халанд за сума од два милиони, но тогашниот директор на клубот, Бепе Марота сметал дека тоа се премногу пари за еден тинејџер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Младиот напаѓач со својот татко дури и бил во Торино, но на крајот договорот не се потпишал.

На Норвежанецот му било соопштено дека можат да му гарантираат стартно место во У23 тимот кој игра во Серија Ц. Тоа го разочарало Халанд кој по тој разговор си заминал од Торино.

„Се беше договорено, Халанд требаше да потпише за Јувентус. Меѓутоа, Марота сметаше дека тоа се многу пари за 16-годишен талент“, изјави Морабито, агентот кој работел на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан во потрага по нов напаѓач

Милан интензивно бара засилувања во нападот во последните денови од трансфер прозорецот. О…